Thursday, April 10, 2014

Интервью проф. А. Абашидзе в Македонской ежедневной газете "Дневник" 08.04.14

Датум: 08.04.2014, 17:10
АСЛАН АБАШИЅЕ ХУСЕНОВИЧ, ПРОФЕСОР ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО ВО МОСКВА
ШИРЕЊЕТО НА НАТО КОН ЗЕМЈИТЕ ОД СССР ЌЕ ДОВЕДЕ ДО ХАОС



Последните случувања во Украина се резултат на игнорантскиот однос на властите кон руското население што живее не само во Донецк, туку и во Харков, Луганск. Ако работите се влошат уште повеќе, одговорноста е целосно во рацете на привремените носители на власта во Kиев. Ова е главната порака што во интервју за „Дневник“ ја образложува професорот по меѓународно право на рускиот Универзитет за народно пријателство во Москва, Аслан Абашиѕе Хусенович. Тој е и член на рускиот комитетот за економски, социјални и културни права. Професорот, инаку роден во Грузија, е автор на 220 меѓународноправни документи.

Kако ги коментирате последните случувања? Се прогласи Донецка Народна Република. Украина обвинува дека Русија намерно предизвикува немири во источните делови за да има немири и изговор за праќање воени трупи.

- Трите региони на Украина: Донецк, Харков и Луганск, густо населени со руско население, последниве два месеца по случувањата во Kиев, секој викенд се собираа на посебни состаноци и бараа од властите во Kиев да одговорат на многубројни прашања. За жал, Kиев не обрнуваше внимание преправајќи се дека с` е во ред. Освен тоа, активистите во гореспоменатите региони биле уапсени и притворени. Населението на Луганск побара локалните пратеници да донесат одлука да се спроведе референдум за клучните прашања и никогаш не добија одговор. Во ситуација на форсирање претседателски избори именувањето олигарси како гувернери на овие региони, што инаку е во спротивност на принципите на Европската повелба за локална самоуправа, во знак на самоодбрана населението (исто како што се случуваше на „Мајдан“) организира воени чети и ги именува локалните власти. Одговорот од Kиев е: закана со употреба на сила против „терористите“. Во овие околности Русија ги повикува Германија, САД и другите држави активно да се вклучат во спречување на влошувањето на ситуацијата во Украина, која ги има сите знаци на граѓанска војна. Русија стои на ставот дека излез од ситуацијата е организирањето на уставните реформи, со цел да се создаде федерација (како во САД, Швајцарија, Руската Федерација) со региони со автономна локална самоуправа, дистрибуција на приходи и др. Ако работите се влошат уште повеќе, одговорноста е целосно во рацете на привремените власти во Kиев.

Во светот актуелни се укажувањата дека Русија води агресивна политика потпомогната од војска и дека по пат на сила ги менува границите?

- Дозволете ми да кажам неколку збора за повторно обединување на Kрим и на Севастопол како дел од руската земја, кои поради директивите на Никита Хрушчов и во спротивност со Уставот на СССР биле префрлени во надлежност на Украина во 1954 година. Затоа, денес, жителите на Kрим и на Севастопол гласаа за повторно обединување со Руската Федерација. Руските трупи базирани во Севастопол се таму во согласност со билатералниот договор помеѓу Русија и Украина.

Но Западот уверува дека Русија има намера да продолжи со демонстрирање на својата моќ приклучувајќи кон себе нови и нови територии... Се споменува план за Молдавија, за источниот дел на Украина, па дури и за Белорусија. Истовремено, цело време под страв се држат балтичките земји.

- Рускиот претседател во неколку наврати изјави дека Русија сака да ја види Украина како демократска држава и ги охрабрува тамошните власти да ги почитуваат договорите што се постигнати од страна на претставниците на актуелната власт со легитимниот претседател Јанукович, потпишани со посредство на министрите за надворешни работи на Германија, Франција и на Полска. Што се однесува до Транснистрија, Русија го признава територијалниот интегритет на Молдавија, но во тој случај Молдавија треба да биде неутрална држава. Лидерите на балтичките земји, особено Латвија и Естонија, пред с` треба да се справат што поефикасно со тенденциите на Русија повторно да ~ се наметне Студената војна, како и со дискриминациите на населението внатре, кое зборува руски јазик.

Се цртаат ли нови линии што ќе раздвојуваат? Се менува ли светот кој досега го познаваме, направен по Втората светска војна, и она што остана од него по распадот на Советскиот Сојуз?

Во врска со изгледите на паневропската безбедност, европските држави треба да седнат на преговарачката маса и да размислуваат за т.н. Хелсиншки процес 2. Kонечно треба да се разбере дека намерите на САД и на другите земји од НАТО да се прошират кон Источна Европа и кон поранешниот Советски Сојуз, ќе ја фрлат Европа во хаос. Во спротивно, Русија ќе треба да се заштити со сите можни средства од негативни последици, што нема да ја подобри безбедноста на Западна Европа на долг рок.
ЧЛЕНКИТЕ НА Г8 ПОБЕГНАА ОД НЕЗГОДНИ ПРАШАЊА
Се плашат ли САД и ЕУ од Русија или имаат други цели кога се закануваат со изолации, санкции?

- САД и ЕУ не беа загрижени кога нивните претставници зборуваа на „Мајдан“, го поддржаа движењето на „Мајдан“ барајќи оставка на легитимниот претседател . Така, комбинирано со фашистички елементи, тие поттикнаа активности, чии последици сега ги прават нервозни. Kако никој не обрна внимание на фактот дека пред настаните во Kиев лидерите на земјите од САД и од ЕУ не најдоа време да дојдат на отворањето на Олимписките игри во Сочи? Што ви зборува овој факт? Поентата е: Русија како претседавач со Г8 и лидерите на земјите-членки би требало да се соочат со претседателот Владимир Путин и да одговорат на голем број непријатни прашања.
Искра Kоровешовска